Желе за туширање е нов начин да уживаме во секојдневната нега на телото
Туширањето веќе не е само дел од секојдневната хигиена, туку и можност рутината за нега да ја направиме поинтересна преку мириси, текстури и мали сензорни ритуали. По геловите што мирисаат како омилените парфеми и формулите збогатени со состојки за нега на кожата, вниманието го привлекува уште еден необичен формат – желе за туширање. Неговата желатинеста текстура потсетува на желе, се движи под прстите и во допир со вода се претвора во пена, па дури и најобичното туширање го прави поинакво искуство.