Home Вебкафе Атракција во Португалија: Необичен премин во подводниот свет

Атракција во Португалија: Необичен премин во подводниот свет

Езерцето Ковао до Кончос на португалската планина Сера де Естреља, повеќе од 60 години ги зачудува, импресионира и фасцинира сите посетители со својот изглед. Изгледа како премин во фантазмагоричниот подводен свет, а еве ја приказната која се крие зад неговиот атрактивен изглед.

Иако има чудесен изглед, не станува збор за чудо на природата, туку за човечка креација. Ковао до Кончос е дел од хидроелектраната изградена во далечната 1955 година и служи за вшмукување на водата од езерото до браната Лагоа Комприда.

Иако не е природна творба, нема причина да не му се восхитувате. Тоа го сфатија и бројните туристи планинари, кои и покрај тешкиот пат кој води до ова атрактивно езерце, не се откажуваат од намерата да го видат и да се фотографираат со него.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …