Славни

Бомбастичната убавица се жали: Не сакаат да работат со мене бидејќи имам големи гради

Емили Ратајковски проговори за „проблемите“ со кои се соочува поради својот изглед во големото интервју за австралиското издание на Harper’s Bazaar.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

„Постојано ми се случува луѓето да си помислат: Таа е пресекси. Тоа е нешто што им се случува на жените, луѓето буквално не сакаат да работат со мене бидејќи имам големи гради“, вели Емили. „Што има лошо во градите? Тие се прекрасни, женствени и треба да се слават и фалат. Кому му е гајле?“, заклучува 26-годишната манекенка и актерка која често и без задршка го покажува своето голо тело.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Емили себеси се нарекува феминистка, но многумина ја обвинуваат дека не може во исто време да заговара женски права и да го покажува своето голо тело, а најмогу внимание привлече нејзината гола фотка со Ким Кардашијан.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

„Секогаш се зборува за тоа дека кога Ким ќе објави гола фотка, само бара вни мание. Не е работата во тоа. Жената може да бара внимание  и во исто време да заземе силен став. Тие две нешта не се исклучуваат едно со друго“, вели Емили која тврди дека токму поради својот секси изглед има проблеми со добивање на сериозни филмски улоги.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

To Top