Мурињо прави уште еден изненадувачки трансфер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летниот преоден рок во фудбалска Европа веќе донесе неколку интересни трансфери, а вистинските трансфер „бомба“ допрва треба да се реализираат.

Како што пренсуваат англиските медиуми, на мета на Манчестер Јунајтед се наоѓа едно изненадувачко име. Станува збор за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра.

За Бартра немаше место во Барсалона па се пресели во Германија, каде минатата сезона беше стандарден и покажа дека навистина има квалитети да игра на врвно ниво.

Неговите партии го привлекоа вниманието на „Специјалниот“ кој сака да го донесе Шпанецот на „Олд Трафорд“ за да ја комплетира одбраната.

Не е познато дали „милионерите“ ќе се согласат на негова продажба, но медиумите се сигурни дека Мурињо во наредните денови ќе испрати понуда за потписот на Бартра.