Зампарини: Несторовски не заминува за помалку од 10 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Контроверзниот претседател на Палермо, Маурицио Зампарини ги предупреди заинтересираните клубови дека Илија Несторовски нема да го напушти клубот за помалку од 10 милиони евра.

Несторовски имаше одлична дебитантска сезона во Серија А и го привлече вниманието на неколку поголеми клубови, а Зампарини не планира да му застане на патот на Македонецот, се додека новиот тим ги задоволи неговите финансиски барања.

Италијанските медиуми откриваат дека претседателот на Палермо имал средба со Давор Чурковиќ, кој е агент на двајцата Македонци во клубот, Александар Трајковски и Илија Несторовски и му соопштил дека сака да ги задржи и да го врати Палермо во Серија А.

„Целта е јасна, враќање во Серија А. Ќе бидам најискрен досега, Несторовски е наше дете, меѓутоа ако некој дојде со понуда која нема да можеме да ја одбиеме, ќе поченеме преговори. Неговата цена е 10 милиони евра, но досега ниту приближна понуда од такви размери не сме добиле. Кратко и јасно – 10 милиони евра и Несторовски може да си оди. Секоја понуда под тоа, значи дека Несторовски останува“, изјави Зампарини.