Ангелите распалија на пистите во Шангај


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На спектакуларната ревија на Victoria’s Secret која се одржа во Mercedes Benz арената во Шангај, едни од најубавите жени во модниот бизнис чекореа во префинети парчиња долна облека.

Бела Хадид, Алесандра Амбросио, Кендис Свенпол и Андријана Лима се само дел од ангелите кои дефилираат пред публиката во Кина.

Бела на кратко ги засени своите колешки со брадавиците кои се наѕираа од под градникот, додека Минг Хи беше најбаксузната манекенка на вечерта откако падна на пистата.

Честа да го носи милионскиот „Fantasy Bra“ овој пат и припадна на Лаис Рибеиро, која одлично се снајде со задачата.