Анчелоти и Чави „го меркаат“ Елмас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и одличен фудбалски талент Елиф Елмас вчера одигра фантастичен натпревар и ја предводеше Македонија до победа против Исланд со која обезбедивме пласман во баражот за Мундијалот во Катар.

Пред публиката на Арената Елиф блесна во полн сјај, а тој негов блесок беше забележан и од големите европските клубови. „Тутомеркатовеб“ по победата на Македонија објави дека Реал Мадрид и Барселона го следат Елмас.

Во текстот се наведува дека Анчелоти одлично го познава Елмас затоа што токму тој го доведе во Наполи од Фенербахче. Сега Анчелоти го води Реал и не престанал да го следи напредокот на македонскиот фудбалер.

Исто така се споменува дека Чави го гледа Елмас како играч кој би можел одлично да се вклопи во неговата „нова Барса“. Договорот на Елмас со Наполи има важност до 2025 година, а останува да видиме дали по веста за овој интерес ќе има и нешто поконкретно.