Home Вебкафе Близаници родени во неколку минути разлика, но во различни години

Близаници родени во неколку минути разлика, но во различни години

Фатима и Роберт од калифорнискиот град Салинас прво го добија својот син Алфред Антонио кој се роди во 23:45 на последниот ден од 2021 година, а неговата сестра близначка Ајлин Јоланда Трухило се роди на полноќ на 1 јануари, јавија локалните медиуми.

Персоналот на болницата во калифорнискиот град Салинас и брачната двојка Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо ќе ја паметат новогодишната ноќ по необичен настан – близнаци родени во две години, петнаесет минути пред полноќ на 31 декември и на полноќ на 1 јануари 2022 година.

Фатима и Роберт прво го добија својот син Алфред Антонио во 23:45 на последниот ден од 2021 година, а неговата сестра близначка Ајлин Јоланда Трухило се роди на полноќ на 1 јануари, јавија локалните медиуми.

Болницата на Твитер објави дека веројатноста за тоа да се случи е еден на два милиони.

– Лудо ми е што се близнаци и имаат различни родендени, изјави мајката Фатима Мадригал, признавајќи дека и самата била „изненадена и среќна”.

Матичната лекарка во болницата, докторката Ана Абрил Ариас, изјавила дека ова породување е „едно од највпечатливите” во нејзината кариера.

– Беше апсолутно задоволство да им се помогне на овие малечки безбедно да пристигнат во 2021 и 2022 година. Каков неверојатен начин да се започне Новата година, рече Ариас.

Двете бебиња наскоро ќе одат дома кај своите три постари сестри и брат-две девојчиња и едно момче

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…