На кинески начин: Поради 3 ковид-19 случаи град со 1,2 милиони жители ставен во целосен карантин


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Градот Јужоу, лоциран во централна Кина, влезе во карантин за да го спречи ширењето на ковид-19, соопштија локалните власти.

Општинската влада на Јужоу, провинцијата Хенан рече дека сите 1,2 милиони жители ќе бидат затворени во своите домови откако во неделата беа пријавени само два асимптоматски случаи. Третата локална асимптоматска инфекција беше идентификувана во понеделникот.

Нема да работат супермаркетите, сите јавни објекти, вклучително училиштата, а работата ја прекинаа јавниот транспорт и трговските центри.

Кина пријави 108 нови локални случаи во три провинции во понеделникот, вклучително и 95 во северозападната провинција Шанкси, 8 во југоисточниот Жеџијанг и 5 во Хенан, според Националната здравствена комисија .