Home Спорт Баерн Минхен безмилосен – ја испрати Барселона во Лига Европа

Баерн Минхен безмилосен – ја испрати Барселона во Лига Европа

Баерн Минхен немаше милост против Барселона и ја елиминираше од Лигата на шампиони. Пласман во осминафиналето избори и Салцбург.

Баварците од самиот старт го контролира мечот, а Барселона во неколку наврати спорадично се закануваше.

Баерн дојде до предност во 36-та минута со голот на Милер, а пред полувремето Сане испрати проектил и зголеми на 2:0. Во вториот дел Муиала погоди за 3:0, што се покажа како конечен резултат.

Бенфика ја искористи шансата и уште во првото полувреме го реши прашшањето на победникот против Динамо Киев со головите на Јаремчук и Жилберто за второ место во групата.

Во директната пресметка Салцбург беше подобар од Севиља со 1:0 и се избори за пласман во осминафинале, додека шпанскиот тим ќе продолжи во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 против Јанг Бојс во меч кој немаше резултатско значење за „црвените ѓаволи“. Другиот меч од оваа група ќе се одигра утре помеѓу Аталанта и Виљареал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…