Home Наука и техонологија Копенхашко тркало – уред кој секој обичен велосипед може да го трансформира во електричен хибрид (снимка)

Копенхашко тркало – уред кој секој обичен велосипед може да го трансформира во електричен хибрид (снимка)

Копенхашкото тркало е задно тркало за велосипед со вграден електричен систем кое може да се монтира на било кој велосипед со две тркала, со што истиот ќе го трансформира во електричен хибрид.

Дизајнирано е на таков начин што го олеснува вртењето на педалите преку зголемување на силата која се пренесува до трката. Црвената главина на тркалото содржи електричен мотор и батерија, а преку апликација за мобилен телефон велосипедистот може да го менува степенот на помош кој моторот ќе му го пружа за време на возењето.

Оваа технолошка иновација е дело на инженерите од Институтот за технологија од Масачусетс (MIT), со парична помош од градот Копенхаген.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…