Home Наука и техонологија Најмалата камера на светот – голема колку зрно сол

Најмалата камера на светот – голема колку зрно сол

Многу од денешните уреди имаат имплементирано камери, од телефони и лаптопи а камери се користат и во медицината и науката.

Сега научниците создадоа минијатурна камера, која е со големина на зрно сол и моментално е најмалата камера во светот.

Ова не е првпат научниците да се обидат да создадат минијатурна камера за научно истражување и медицина, но сегашните решенија произведуваа матна и искривена слика, со ограничено видно поле.

Најновото решение е дело на истражувачите од Универзитетот Принстон, кои успеале да ги надминат претходните проблеми и да создадат остри, живописни фотографии.

Тие својот систем го нарекуваат „ neural nano-optic “, и тврдат дека фотографиите создадени на овој начин можат да се споредат со фотографиите создадени од стандардните камери, кои се 500.000 пати поголеми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…