Home Спорт Наполи категоричен: Нема шанси да го продадеме Елмас

Наполи категоричен: Нема шанси да го продадеме Елмас

Вчера во италијанските медиуми се појави информација дека Елиф Елмас е следен од Реал Мадрид и Барселона, а сега за оние кои го сакаат Елиф доаѓа порака од весникот „Ил Матино“ кој е добро упатен со случувањата во Неапол.

Весникот со седиште во Неапол тврди дека Наполи нема намера да преговара за продажба на Елмас по било која цена – секоја понуда која ќе дојде за Елмас ќе биде одбиена.

„Елмас го продолжи договорот до 2025 година минатата година. Наполи сака да го задржи и ќе ги одбие сите понуди кои ќе пристигнат за него во јануари и идното лето“, пишува „Ил Матино“.

Ќе потсетиме во Наполи, Елмас пристигна за 16 милиони евра плус бонуси од Фенербахче во 2019 година, а по доаѓањето на Лучијано Спалети добива многу повеќе простор за игра за разлика од што беше случај со Гатузо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…