Home Спорт Проблемите со срцето се сериозни: Агуеро најверојатно ќе биде принуден да стави крај на кариерата

Проблемите со срцето се сериозни: Агуеро најверојатно ќе биде принуден да стави крај на кариерата

Ѕвездата на Барселона Серхио Агуеро најверојатно ќе мора да стави крај на кариерата поради проблемите со срцето.

Лекарите утврдиле дека неговите проблеми се посериозни и веќе го известиле дека постои реална опасност да не може да се врати на терените, пренесуваат каталонските медиуми.

На 33-годишниот Агуеро му беше дијагностицирана аритмија и беше објавено дека во следните три месеци тој сигурно нема да игра, а во зависност од темпото на неговото лекување ќе биде одлучено колку долго ќе трае неговото закрепнување.

Засега нема никаков коментар од управата на Барселона која ги чека резултатите од сите тестови.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…