„Дали Меси може да се врати во Барселона?“ – еве што вели Лапорта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова лето Лионел Меси на големо изненадување на сите ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ.

Најавите цело време беа дека Меси ќе потпише нов договор, но на крајот во последен момент работата пропадна и следуваше шок за Каталонците. Сега претседателот Лапорта повторно зборуваше на оваа тема.

„Со Меси имавме договор, но Ла Лига не го прифати. Откако си замина не сме разговарале. Секогаш ќе биде посебен за овој клуб и ќе му бидеме благодарни.Никој не сакаше да дојде до вакво нешто, се беше тажно. Тажно ми беше да го гледам неговото деби во ПСЖ, чудно е чувството да го гледате во друг дрес“, изјави Лапорта.

На крајот новинарите го запрашаа дали во иднина Меси можеби ќе се врати во Барселона.

„Меси да се врати во иднина? Не сакавме ваков крај, ќе видиме. Ниту една опција не е исклучена“, порача првиот човек на Барселона.