Home Шоубизнис Шон Пен го напуштил снимањето на сет за „Гаслит“ бидејќи дел од екипата не бил вакциниран против Ковид-19

Шон Пен го напуштил снимањето на сет за „Гаслит“ бидејќи дел од екипата не бил вакциниран против Ковид-19

Славниот холивудски актер и режисер Шон Пен ненадејно го напуштил снимањето на серијата „Гаслит“ во знак на протест затоа што дел од персоналот не бил вакциниран.

Актерот кој има 60 години ќе се врати на сетот само ако сите, од актерите до техничкиот персонал, бидат вакцинирани, а самиот се понудил бесплатно да ги вакцинира преку својата организација CORE, јавува ОКрадио.

Со ваквиот потег Шон Пен го охрабрува целиот Холивуд да се вакцинира, а одлуката актерот ја донел по зголемените бројки и влошената состојба со коронавирусот во Лос Анџелес.

„Гаслит“ е серија која се занимава со познатата афера на прислушување Вотергејт од 70-тите години на 20 век, а главната женска улога ја толкува Џулија Робертс, која е заедно со Шон Пен на сетот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …