Дали Дел Пјеро ќе го замени Ањели на претседателското место во Јувентус?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Алесандро дел Пјеро е еден од кандидатите за наследник на претседателот на Јувентус, Андеа Ањели.

Ањели беше еден од основачите на Суперлигата, па се најде на удар на навивачите, а медиумите тврдат дека ќе биде сменет на крајот на сезоната.

Проектот на Суперлигата се сруши за 48 часа, па сега позицијата на Ањели виси во воздух.

Ањели, наводно, нема намера да поднесе оставка во Јувентус, но акционерите предводени од Џон Елкан би можеле да го отпуштат за време на состанокот на 27 мај.

Како прв кандидат за негов наследник се споменува Алесандро дел Пјеро, кој е жива легенда на клубот од Торино и каде ја помина целата своја кариера.