Home Актуелно Меркел апелира дека сите вакцини одобрени од ЕМА се добредојдени за Германија

Меркел апелира дека сите вакцини одобрени од ЕМА се добредојдени за Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е отворена за идејата за употреба на руската вакцина против коронавирусот во Европа, по објавувањето на позитивните научни резултати за ефикасноста на вакцината Спутник V.

„Секоја вакцина која ќе ја одобри Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе биде апсолутно добредојдена и за тоа разговарав со рускиот претседател Владимир Путин“, кажа канцеларката за германската телевизија АРД.

Руската вакцина, која досега предизвикуваше контроверзи, е ефикасна 91,6 отсто во борбата против коронавирусот, пренесе денес медицинскиот магазин Лансет, повикувајќи се на независни експерти.

„Тоа значи дека уште една вакцина може сега да се придружи на борбата против коронавирусот“, се додава во магазинот.

Германската канцеларка ја спомна и кинеската вакцина која сè уште не е одобрена во Европа и додаде дека земја „како што е Србија побрзо се вакцинира“ од остатокот од Европа и тоа со кинеска вакцина.

Европската Унија е на мета на критики поради спороста во дистрибуцијата на вакцините против коронавирусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Утринска смена: Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот

Во свет кој секојдневно нè преплавува со информации, нотификации и трендови, лесно е да го…