2 години и 8 месеци затвор за Алексеј Навални – Западот критички реагира на пресудата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Московскиот суд го осуди главниот руски политички опозиционер и противник на Владимир Путин, политичарот Алексеј Навални, на 2 години и 8 месеци затвор, пренесоа руските медиуми.

Тој е осуден за прекршување на условната казна во случајот на наводна проневера во 2014 година, и тоа на првичната казна од три и пол години, но бидејќи веќе помина помалку од една година во затвор, сега ќе биде затворен речиси 2 години и осум месеци.

Судот во Москва пресуди дека Навални не се јавувал редовно, како што било пропишано со условите за условна слобода, а неговите причини за тоа што не се јавувал биле прогласени за недоволни.

Навални ги отфрли обвинувањата дека ја прекршил условната казна.

После објавувањето на пресудата, стигнаа и првите реакции на Западот за истата.

Тие повикуваат на итно пуштање на Навални. Меѓутоа, портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова ги отфрли такви барања и му порача на Западот да не се меша во внатрешните прашања на Русија.

„Не мешајте се во внатрешните прашања на суверена држава. Препорачуваме секој да се бави со своите проблеми“, кажа Захарова, а пренесува Ројтерс.

Шефот на надворешната политика на Европската Унија Жосеп Борел ја повика Русија веднаш да го пушти Навални, кажувајќи дека пресудата на рускиот суд го нарушила владеењето на законот.

„Изрекувањето на пресудата на Алексеј Навални е во спротивност со меѓународните обврски на Русија за владеењето на законот и основните слободи. Таа е против пресудата на Европската конвенција која овој случај го пресуди како неразумен“, кажа високиот претставник на ЕУ.

Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли напиша на Твитер дека Европа е обединета околу ставот за Навални.

„Повикуваме и да сопре насилството врз демонстрантите“, напиша Сасоли.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен на својот твитер профил повика на безусловно пуштање на Навални и на сите оние кои се притворени поради барањето на своите права.

„Соединетите Американски Држави се многу загрижени поради руската пресуда на Навални“, напиша Блинкен.

Францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека политичкото несогласување не смее да претставува злосторство.

„Пресудата против Навални е неприфатлива. Повикуваме на негово моментално пуштање. За почитувањето на човековите права како демократската слобода не може да се преговара“, кажа Макрон.

Шефот на германската дипломатија Хеико Мас исто така повика итно пуштање на Навални.

„Денешната пресуда на Алексеј Навални претставува тежок удар против основните слободи и владеењето на законот во Русија“, наведе Мас на Твитер.