Home Актуелно Пендаровски му додели „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир

Пендаровски му додели „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир

Денес напладне, во 12 часот, во Претседателската резиденција на Водно, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски му го врачи високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање.

На свеченоста свое обраќање имаа македонскиот претседател Пендаровски и игуменот на манастирот, епископот г. Партениј, а настапи и бигорскиот монашки хор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…