Home Спорт Полека преминува во легенда: Кристиано Роналдо одбележа 1.000 одиграни натпревари во кариерата

Полека преминува во легенда: Кристиано Роналдо одбележа 1.000 одиграни натпревари во кариерата

Славната фудбалска и шоубизнис ѕвезда Кристиано Роналдо, кој моментално го носи дресот на Јувентус, синоќа против Интер го одигра 1.000-от натпревар во својата кариера.

Португалецот зад себе има импресивни бројки. Тој постигна 725 голови и 253 асистенции, настапувајќи за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и португалската репрезентација.

Роналдо има пет златни топки. Во 2016 година го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија. Има пет титули од Лигата на шампионите и е најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …