Директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје позитивна на тестот за коронавирус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кај директорката на скопската Клиника за кожни болести беше дијагностициран актуелниот коронавирус, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, докторката допатувала од Италија и веќе е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Нејзината состојба моментално е стабилна.

Министерот изрази разочарување што таа не ги почитувала апелите за изолација во траење од една недела, ако се патува во земја каде што има регистрирани случаи на Ковид-19 и по враќањето веднаш почнала да оди на работа. Меѓу колегите била пет дена.

Филипче информираше дека во моментов екипи од Центарот за јавно здравје на Клиниката за кожни болести прават проценка на степенот на ризик за сите коишто биле во контакт со директорката, по што би можело да се донесе одлука целиот оддел да биде затворен.