Легендата на германскиот и светскиот спорт Михаел Шумахер овие денови е во Париз каде што се лекува со матични ќелии.
Шумахер престојува во болницата во Париз и неговата состојба како и до сега се држи во строга тајност. Тој во болницата бил внесен под лажно име.
По некоја информација знаеше да се појави. Сега контактиран беше познатиот неврохирург, Дарко Чуди. Тој е познат по тоа што вградува микро чип во мозокот на пациентите кои се во кома и на тој начин ги буди.
Тој не се слушнал со некој од семејството на Шумахер, но разговарал со менаџерката на возачот.
„Шансите после шест години поминати во вегетативна состојба се минимални. Требаше нешто да се направи во првата година по несреќата, вака е…Тешко“, смета тој.