Home Шоубизнис Славниот Рос за можноста „Пријатели“ повторно да се обединат – еве што вели

Славниот Рос за можноста „Пријатели“ повторно да се обединат – еве што вели

Познатиот актер и режисер Дејвид Швимер, кој својата планетарна слава ја стекна со улогата на ликот Рос Гелер во мегапопуларната комична серија „Пријатели“, открива детали дали оваа серија можеби ќе добие продолжение.

Швимер не верува дека „Пријатели“ во иднина ќе имаат нови епизоди. Но, исто така сподели идеи за нивно обединување во некој различен формат.

„Сите го делиме истото мислење, дека серијата заврши на совршен начин. Ги разбирам луѓето дека навистина сакаат да не видат нас, ’пријателите‘, повторно заедно, но таа серија се базира на временски ограничен период од животите на ликовите, помеѓу нивните 20-ти и 30-ти години. Ако би сакал да видам што тие ликови прават денес, мислам дека за тоа е најдобро да се напише книга или да се сними филм. Секако мислам дека сите можат да претпостават што ликовите од Пријатели прават денес, рече Швимер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …