Водач на нарко банда пробал да избега од затвор преправен како сопствената ќерка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Клаувино да Силва, познат како Шорти, лидер на една од многуте бразилски нарко банди, бил решен по секоја цена да избега од затворот во кој отслужувал затворска казна, па тоа го направил на доста необичен начин. За негова жел, а среќа на затворските служби, овој негов потфат завршил неуспешно.

Шорти се маскирал како својата 19-годишна ќерка, па облекол тесни фармерки и розева маичка со крофнички, а ставил и долга, црна перика и силиконска женска маска на глава.

Требало наместо својата ќерка да излезе од затворот Герисина, кој се наоѓа во западниот дел од Рио де Женеиро, додека тинејџерката би останала внатре. Меѓутоа, ваквиот обид за бегство не му успеа.

Стражарите рекоа дека го издало тоа што бил нервозен додека се обидувал да излезе надвор. Полицијата истражува дали ќерката на Клаувино учествувала во заверата за бегство.

Затворските власти објавија фотографии од маскираниот Клаувино, како и снимка на која се гледа како ја соблекува маската и облеката и го изговара своето полно име.

Клаувино да Силва беше еден од лидерите на Црвената команда, една од најмоќните криминални групи во Бразил која ја контролира трговијата со дрога во поголемиот дел од Рио.

По неуспешното бегство, Клаувино е преместен во затворската единица со максимално обезбедување и сигурно го чека и друга казна.