Покрај трендовите со впечатливи трепки, интензивни бои и повеќе слоеви маскара, сè поголемо внимание добива и подискретниот пристап кон шминкањето. Проѕирните маскари се избор за оние што сакаат уреден и негуван изглед, со нагласени трепки, но без дополнителен пигмент. Нивната главна предност е што ги обликуваат и дефинираат трепките, а притоа го задржуваат нивниот природен изглед.
За разлика од црните и кафеавите маскари, безбојните формули не ја менуваат бојата на трепките. Наместо тоа, ги раздвојуваат, ги измазнуваат и помагаат да останат во посакуваната положба. Ефектот е ненаметлив и лесно се вклопува во секојдневното шминкање, особено кога сакаме шминката да биде речиси незабележлива.
За што служи проѕирната маскара?
Проѕирната маскара има повеќе намени, па може да биде практичен дел од несесерот. Пред сè, служи за дефинирање на природните трепки. Лесната текстура го обвиткува секое влакненце, го олеснува раздвојувањето и им дава поуреден изглед. Иако не создава впечаток на подолги и погусти трепки како класичната маскара, може да ги направи повпечатливи и посредени.
Дополнителна предност е што одредени формули може да се користат и за обликување на веѓите, особено кога сакаме да ги исчешламе нагоре и да ја задржиме нивната природна форма. Затоа се интересни за љубителите на минималистичката шминка и на производите со повеќе намени.
Како да ја вклучите во секојдневното шминкање?
Проѕирната маскара особено добро се вклопува во изгледот со шминка што речиси не се забележува. Малку коректор, кремасто руменило и балсам за усни, дополнети со еден слој безбојна маскара на трепките, се доволни за свеж изглед, без впечаток дека сме поминале многу време пред огледалото.
Може да се нанесе и по користење виткач за трепки, како завршен чекор за задржување на формата. Сепак, треба да се провери дали конкретната формула е наменета и за фиксирање или првенствено служи за нега. Проѕирните маскари за веѓи и за трепки не се секогаш меѓусебно заменливи, па најдобро е да се следат упатствата на производителот.
Формули за природно дефинирани трепки
KIKO Milano New Pro Gel Mascara Lash Serum ги комбинира дефинирањето и негата на трепките. Гел-текстурата овозможува рамномерно нанесување, а четкичката ги раздвојува влакненцата од коренот до врвовите, за уреден и природен изглед без слепување.
Clarins Lash & Brow Double Fix Mascara е проѕирна формула наменета и за трепки и за веѓи. Може да се нанесува самостојно за обликување или како завршен слој врз класична маскара, кога е потребна поголема отпорност на шминката на влага и пот.


The Ordinary Lash Curl Finisher е наменет за задржување на природната свитканост на трепките. Проѕирната гел-формула помага да се зачува нивната форма, особено по употреба на виткач. Силиконската четкичка овозможува прецизно нанесување, а лесната текстура не ги отежнува влакненцата.
Меѓу подостапните производи е Essence Lash & Brow Gel Mascara. Овој безбоен гел може да се користи за обликување и на трепките и на веѓите, давајќи им поуреден изглед без дополнителна боја. Едноставно се нанесува и се вклопува во секојдневна рутина со малку шминка.
Physicians Formula Mineral Wear Diamond Mascara во нијансата Clear Diamond има малку поинаков ефект. Покрај тоа што ги дефинира и раздвојува трепките, им дава и ненаметлив сјај благодарение на формулата со минерални состојки и дијамантски прав. Таа е алтернатива на вообичаените проѕирни маскари кога сакаме природната шминка да добие дискретен светкав финиш.




Извор: Lepota i Zdravlje