Home Вебкафе Гробница вредна неколку милијарди долари

Гробница вредна неколку милијарди долари

Илјадници луксузни спортски и класични автомобили буквално собираат прашина среде арапската пустина, на местото кое поради тоа е познато како најголемата автомобилска гробница на светот вредна неколку милијарди долари.

Ролс Ројс, Ферари, Бентли, Мустанг, Ламборџини, класични Мерцедеси, американски лимузини Бјуик и Кадилак се оставени од своите сопственици и заборавени на огромен простор во пустината во Емиратите, во областа Шарјах во близина на Дубаи.

Поранешните сопственици ги иамле овие автомобили додека работеле во Дубаи и ги користеле на лизинг , а кога си заминале, едноставно ги оставиле авбтомобилите да пропаѓаат.

Голем број од автомобилите им припаѓал и на сопственици на кои добро им одело , но пропаднале , па го оставиле целиот свој имот заедно со автомобилите поради строгите закони во земјата.

25-годишниот „јутјубер“ Мохсин Латиф, кој ги сними и објави фотографиите вели дека дел се распаднати , но има и луксузни автомобили ,кои никогаш не биле возени.

За кратко време местото стана место за аџилак за авто ентузијастите од целиот свет, кои почнаа да ги купуваат овие автомобили или деловите од нив.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…