Home Вебкафе Вака се пустат 300.000 евра (видео)

Вака се пустат 300.000 евра (видео)

На еден „чаламџиски“ собир на газди на скапи и луксузни суперавтомобили, еден од присутните очигледно го имал пуштено својот чалам на „малку појако“, па во два потези го направил пуздер својот Lamborghini и си ја уништил и личната гордост.

Газдата на нов Lamborghini Huracane Performante решил да тргне со полн гас од собирот за да им ја покаже силата на својот љубимец на насобраните. Но , само по неколку моменти ја изгубил контролата над авртомобилот.

Луксузниот автомобил завршило во дрво, а среќа што на патот немало минувачи, па никој не настрада, освен автомобилот вреден 300.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Список со задачи: како да го поминете септември

Почна септември, а прашањето е: колку нешта ќе направиш овој месец за себе, а не само за с…