Конор Мекгрегор обвинет за силување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само неколку часа откако Конор Мекгрегор го најави неговото пензионирање од ММА, еминентниот „Њујорк Тајмс“ открива дека против Ирецот е покрената истрага за сексуален напад.

Според „Њујорк Тајмс“, ирскиот борач бил уапсен во јануари откако анонимна девојка пријавила дека тој сексуално ја нападнал во Даблин во декември минатата година.

Мекгрегор се уште не е официјално обвинет за делото, а весникот пишува дека тој и понатаму е под истрага од ирската полиција. Девојката тврди дека нападот се случил во хотелот Бикон, каде Мекгрегор најчесто престојува кога ја посетува Ирска.

„Оваа приказна циркулира низ медиумите веќе подолго време и не ми е јасно зошто се објавува дури сега. Претпоставката дека пензионирањето на Конор на некој начин е поврзано со оваа гласина е целосно неточна“, изјави Карен Кеслер, претставник на правниот тим на Мекгрегор.

Контроверзниот борец вчера на Твитер изненадно објави дека го напушта боречкиот свет и заминува во пензија.

„Кратка вест. Денес се одлучив да се опростам од ММА. На колегите им посакувам среќа во понатамошните мечови, а јас им се приклучувам на поранешните колеги кои се веќе во пензија. Пина Колада од мене“, напиша Мекгрегор.