Home Шоубизнис Обдукцијата потврди: Кит Флинт од „Продиџи“ се самоубил со бесење

Обдукцијата потврди: Кит Флинт од „Продиџи“ се самоубил со бесење

Лидерот на музичката група „Продиџи“, Кит Флинт, се обесил, потврдија резултатите од обдукцијата врз телото од популарниот музичар.

Флинт беше пронајден мртов во својот дом во Есекс на 4 март и истрагата утврдила дека нема сомнителни околности. Тој си го одзеде животот набргу откако групата се врати од турнејата во Австралија и беше планирано таа да продолжи наредниот месец во Колумбија, но сите закажани датуми во меѓувреме се откажани.

Флинт беше еден од основачите на „Продиџи“, која изврши огромно влијание врз електронската музика и во првите години настапуваше само како танчар, а групата се здоби со поширока популарност токму благодарение на неговиот енергичен вокал.

Кит со години се бореше со алкохолизмот, зависноста од дрога и деперсијата. Своевремено искрено призна дека тому сопругата Мајуми Каи го спасила од тој начин на живот. Тој и јапонската диџејка се разделиле пред неколку години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …