4.859 банкари од Европската унија земаат годишна плата од над 1 милион евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Речиси 5.000 банкари од земјите кои се дел од Европската унија земаат годишна плата која надминува 1 милион евра. Таа сума како плата ја достигнуваат дури и со ограничувањата на бонусите од страна на регулаторните тела.

Според податоците на Европската агенција за надзор на банки (EBA), во 2017 година повеќе од милион евра годишно заработувале 4.859 банкари во однос на 4.597 банкари една година порано, пренесува Ројтерс.
Повеќето од нив се наоѓаат во Британија, вкупно 3.567 или дури 73,3 отсто, што е за 38 отсто повеќе од 2016 година. Во Германија се регистрирани 390 банкари со толку високи примања, во Италија 201, во Франција 233, а во Шпанија 161.

Но, бидејќи Британија кон крајот на овој месец треба да излезе од европскиот блок, некои високо платени банкари веројатно ќе се преселат од Лондон во нови финансиски центри на Стариот континент, оценува британската агенција.