Home Наука и техонологија Русите фаќаат чекор: Гигантот „Yandex“ го промовираше својот прв смартфон

Русите фаќаат чекор: Гигантот „Yandex“ го промовираше својот прв смартфон

Рускиот технолошки и интернет гигант „Яндекс“ (Yandex/Јандекс) чија дејност се движи во областа на интернет услугите и технолошките производи, вчера го претстави својот прв авторски смартфон со цел на домашниот пазар во Русија да го држи развојниот чекор и понуда со гиганти како Google, Apple и Samsung.

Нивниот нов паметен телефон под ознаката Yandex.Phone ќе биде пуштен во продажба во четврток во Русија, а ќе биде достапен и во интернетската приодажба. Ќе чини 17.990 рубљи, или 269 американски долари, а како оперативен систем ќе користи Android разработен од Googlе разработен. Го проектираше руската компанија, а произведен е во Кина.

Уредот ги има инсталирано апликациите на Яндекс за плаќање, музика, порачка на билети, такси возила и храма, како „секретрката“ Алисиам слична на Алекс на Amazon.

Уредот со дијагонала од речиси 14,5 сантиметри добил осум-јадерн процесор Snapdragon 630. Смртфонот е опремен со два главни камери, едната со резолуција од 16 мегапиксели, а другата со резолуција од 5 мегапискели, и со една фронтална со резолуција од 5 мегапискели. Уредот, исто така, има сензор за отпечаток на прстите, како и слотови за две сим-картички. Моќноста на батеријата е 3050 mAh, што овоможува да работи 24 дена во режим на основна поставеност, до 10 часа работа на интернети преку Wi-Fi и до 90 часа слушање музика, пренесува агенцијата ТАСС.

Телефонот претставува нова голема фаза во развојот на Яндекс, кој со него сака да им конкурира на гигантите како Apple, Samsung и Huawei. Яндекс велзе во употреба во деведесеттите години од минатиот век, како пребарувач сличен на Google, a во меѓувреме се прошири на сите делови од рускиот интернет преку апликациите коишто Русите ги користат секојдневно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…