Home Шоубизнис Крај на еден од најстабилните холивудски бракови: Се разведуваат Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер

Крај на еден од најстабилните холивудски бракови: Се разведуваат Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер

Славниот холивудски актер, режисер и продуцент, двојниот оскаровец и добитник на Златен глоубс, Роберт Де Ниро, се разведува од сопругата Грејс Хајтауер после 21 година брачен живот.

Во последно време, на сите јавни настани, Де Ниро се појавува сам, а парот одамна веќе не живее заедно. Извор близок на славната двојка вели дека Де Ниро и Грејс во наредните неколку недели сами ќе ја објават вест за нивниот развод.

Ова не е прво раскинување на оваа брачна двојка. Во 1999 година, само две години после нивната венчавка, тие побараа развод, но до истиот никогаш не дојде.

Наместо развод, ги обновија своите брачни ветувања и се заколнаа на вечна љубов во 2004 година. Имаат две деца, 20-годишниот син Елиот и 6-годишната ќерка Хелен.

За Де Ниро ова е втор развод. Првиот го имаше во 1988 година, кога се разведе од првата сопруга Дајана Абот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …