Кристиано Роналдо и Георгина бараат црква за нивната венчавка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ја посетиле величенствената италијанска црква „Големата божја мајка“ (Gran Madre di Dio) во Торино, бидејќи се во потрага по црква каде ќе биде нивната венчална церемонија.

Споменатата црква е изградена во 19. век. Георгина веќе е во потрага и по свечена венчаница.

Да потсетиме, за Кристиано ова не е прва веридба, бидејќи португалскиот фудбалер во 2010 година ја запроси неговата тогашна девојка, Ирина Шајк. Но, до венчавка никогаш не дојде.