Home Вебкафе Медицинска сестра од пеколот: Со вуду ритуали терала жени да се проституираат

Медицинска сестра од пеколот: Со вуду ритуали терала жени да се проституираат

51-годишната лондончанка Жозефин Ијаум апсолутно заслужува да ја нарекуваат медицинска сестра од пеколот која е осудена на 14-годишна затворска казна со обвинение за обид под закана со вуду ритуали да ги натера пет Нигеријки на проституирање во Германија.

„Покажавте целосен презир кон добронамерноста на тие жени. Не ги сметате за човечки битија, туку за робови кои треба вам да ви носат пари“ – изјави судијата Ричард Бонд при изрекувањето на пресудата.

Ијаму, позната и како Мадам Сандра, има свои вили во Бенин и Нигерија, каде своите жртви ги наведувала на проституција, уценувајќи ги со своите вуду обреди. Притоа, таа ги заплашувала, за да ја наложи својата моќ.

„Жените би мислеле дека со нив или нивните семејства ќе се случи нешто лошо ако не ги извршат своите обврски кон Ијаму или ако се обидат да побегнат”, пренесуваат британските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…