Судењето за „Монструм“ одложено за 11 јули


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради појавата на технички проблеми за заштита на идентитетот на заштитен сведок, кој денес требаше да сведочи во Кривичниот суд, во рамки на рочиштето за предметот „Монструм“, истото се одложи за 11 јули.

Предметот „Монструм“ се однесува за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година.

На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Откако предметот го презеде СЈО, Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За законот се уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.