Home Наука и техонологија Видео: „Воздушно перниче“ кое ги штити мобилните телефони

Видео: „Воздушно перниче“ кое ги штити мобилните телефони

Германскиот студент, Филип Френцел, конструирал еден вид на воздушно перниче за мобилни телефони кое има за цел да го заштити уредот при пад.

Френцел можеби го има најсоодветното решение за луѓето кои постојано ги испуштаат своите телефони, пишува „Дејли мејл“.

Станува збор за механизам со вградени специјални сензори и осум рабници кои изгледаат како куки.

Сензорите автоматски може да детектираат кога телефонот е во пад, по што се активираат пружините што ќе го заштитат уредот од удар или оштетување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…