Home Живот и здравје Осумгодишен генијалец: Неговите врсници си играат со кукли, тој ќе се запишува на факултет

Осумгодишен генијалец: Неговите врсници си играат со кукли, тој ќе се запишува на факултет

Осумгодишно момче од Белгија завршило средно училиште откако програмата предвидена за шестгодишно образование, ја комплетирало само за една година и шест месеци.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Лоран Симонс, чиј татко е Белгиец и неговата мајка Холанѓанка, има коефициент на интелигенција од 145, што е на ниво на генијалец.

Во изјавата за белгиска радио станица, момчето изјави дека неговиот омилен предмет е математика, а посебно сака алгебра, статистика и геометрија.

По распустот од два месеца, Лоран планира да се запише на факултет, а првичните желби му се да стане хирург или астронаут, иако во моментов силно се интересира за ИТ технологии.

Таткото на момчето изјави дека неговиот син имал проблем да си игра со другите деца и дека никогаш не бил заинтересиран за играчки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кога мажите посакуваат бебе, а кога жените?

Британско истражување, во кое учествувале 1.732 испитаници на возраст од 18 до 39 години, …