Home Спорт Коцкестите распалија против Гаучосите: Хрватска ЈА ОТЕПА Аргентина (видео)

Коцкестите распалија против Гаучосите: Хрватска ЈА ОТЕПА Аргентина (видео)

Во дерби дуелот од групата Д во рамки на Светското фудбалско првенство во Русија, Хрватска беше комплетно далеку подобра од Аргентина и обезбеди пласман во осминафиналето, додека Гаучосите со само еден освоен бод досега се пред елиминација.

Во првото полувреме силите на теренот беа израмнети без многу шанси на двете страни. Аргентина го имаше поседот на топката, но најзрелата шанса ја имаше Манџукиќ кој биеше непрецизно со глава од пет метри.

Во второто полувреме се започна со киксот на Кабаљеро, кој со непромислен потег му ја подари топката на Ребиќ, а овој на мајсториски начин ја смести во голот за водство од 1:0.

Тогаш Сампаоли фрли се на една карта и во игра ги стави Дибала, Игуаин и Павон, а тоа им отвори простор на „коцкестите“.

Најпрво следуваше фантастичен гол на Лука Модриќ од дваесетина метри, а печат на победата стави Ракитиќ во 92-та минута за конечни 3:0.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…