Home Вебкафе Booking.com VS реалност: Мислеше дека во хотелот има голем базен, а ја дочека ОВА

Booking.com VS реалност: Мислеше дека во хотелот има голем базен, а ја дочека ОВА

Жената која мислела дека резервирала соба во хотел со голем базен не можела да се воздржи од смеа кога стигнала до сместувањето и сфатила дека фотографијата која ја видела, во суштина била обична када, но фотографирана од добар и илузивен агол.

Џени Кершо од Манчестер на својот Твитер профил објави споредбена фотографија од лажниот хотелски базен и кадата која ја дочекала во хотелското сместување кое го резервирала.

„Нашиот хотелски базен во Виетнам. Booking.com VS. реалноста. Ние завршивме овде“, напиша Џени во објаснувањето на сликата.

Поради аголот од кој е фотографирана кадата, таа делува како џиновски базен, но во реалноста тоа е само када со малку поголем формат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…