Home Наука и техонологија Дали ова е доказ дека под површината на Месечината има вода?

Дали ова е доказ дека под површината на Месечината има вода?

При истражувањето и проучувањето извршено врз 13 лунарни метеори пронајдени во северозападна Африка, д-р Масахиро Кајама од универзитетот Тохоку во Јапонија кај еден од нив детектирал моганит – форма на силиконски диоксид кој единствено се формира во присуство на алкална вода (во пукнатините на карпите) и кој бил откриен во 1976-та.

Моганитот го има во 77% од метеорот наречен NWA 2727, што значи дека таму каде што тој бил формиран имало значителна количина на вода.

 

Кајама и ко-авторите на студијата објаснуваат дека водата била „испорачана“ на Месечината преку астероиди и комети богати со неа пред околу 3 милијарди години, кога на нејзината површина постоела во течна форма. Течноста евентуално навлегла под површината и се изладила, останувајќи заробена во лунарните карпи. Подоцна, кога некој астероид или комета удирал во површината на Месечината, карпите полни со меганит се исфрлале во Вселената, а некои од нив слетале на Земјата во вид на метеорити.

Кајама проценува дека повеќе од 0.6% од материјалот под површината на Месечината е воден мраз, за кој тој се надева дека е доволна количина за да се откопа без потреба да се дупчи во потрага по вода подлабоко во Месечевата кора – доколку некогаш дојде до потреба за тоа, на пример кога би се создала човечка колонија на Месечината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…