Home Актуелно Замина уште една легенда: Почина актерскиот доајен Салаетин Билал

Замина уште една легенда: Почина актерскиот доајен Салаетин Билал

На 76-годишна возраст, после подолго боледување, почина македонскиот актер Салаетин Билал, доајенот на НУ Турски Театар.

Од 1964 година работи во Турската драма при Театарот на народностите – сегашниот НУ Турски театар Скопје каде со голема посветеност одигра голем број на улоги сè до пензионирањето во 2007 година но и потоа беше ангажиран во проектите во продукција на Турскиот театар.

Паралелно играше и во претстави на Албанскиот театар, во некогашниот Театар „Пралипе“, во независни проекти, во Македонскиот народен театар, во Драмскиот театар.

Седумдесет театарски ролји на македонските професионални сцени, четириесет телевизиски и филмски улоги ја одбележуваат неговата респектабилна кариера.

Посветен на театарот како личен предизвик тој се обидува и како режисер, потпишува режии на четири претстави, преведува драмски текстови и бил директор во еден период.

Салаетин Билал ги добил наградите: наградата на списанието „Екран“ за најдобар актер во 1976 − за ликот на Ахмет Нурудин во Дервишот и смртта; 13 Ноември за Хаџи Трајко во Коштана (1977); 11 Октомври за А. Б. Во Дамокловиот меч (1983),  две награди „Војдан Чернодрински“ за Ахмед Нурудин (1976) и за Аздах во Кавкаски круг со креда (1990), награда за епизода „Димче Трајковски“за улогата на Нуман во претставата Стари фотографии (Прилеп, 1993), наградата за животно дело (2014).

Салаетин Билал снима и филмови: Најдолгиот пат (1976), Пукајќи се троши олово и Време води (1980), Полноќно сонце (1982), Македонска сага (1993), Зад непријателската линија и Ангели на отпад (1995), Џипси меџин (1997), Одмазда и Прашина (2001), Чекор пред времето (2003), Андер и Илузија (2004), Стапица (2006), Сенки (2007), Мајки (2010), Трето полувреме (2012), Балканот не е мртов (2013), Херој (2013) и До балчак (2014).

Голем број на ролји во телевизиски серии и драми: Волшебното самарче (1975), Итар Пејо (1977), Илинден (1982), Белото Циганче (1984), Солунски патрдии (1986), Тврдокорни (1988-1992), Македонски народни приказни (1994) и уште многу други.

Погребот ќе биде денес (11.05.2018) во 13.30 часот на градските гробишта Бутел по петочната молитва – џамија Бутел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Мет гала 2027 со нова тема откако се откажа од чествувањето на Џон Галијано

Секојдневната облека и нејзината преобразба во уметност ќе бидат во фокусот на Мет гала 20…