Home Шоубизнис Збогум за „прија“ од „Жикина династија“: Почина Јелена Јовановиќ Жигон

Збогум за „прија“ од „Жикина династија“: Почина Јелена Јовановиќ Жигон

По кратко боледување, вчера почина српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон, пренесува РТС.

Јелена беше родена на 3 ноември 1933 година и во својата плодна актерска кариера сними над 50 играни и 15 телевизиски филмови. Беше сопруга на познатиот актер Стево Жигон и мајка на актерката Ивана Жигон.

Јелена и Стево Жигон

Најголема популарност таа стекна со улогата на Јелена Тодоровиќ во филмскиот серијал „Жикина династија“.

Добитник е на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година и многу други.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мекена Грејс во Мадрид со цветен фустан во чест на Џенифер Лоренс

На мадридската премиера на новиот филм од „Игрите на гладните“, Мекена Грејс се појави во …