257 жртви во авионска несреќа во Алжир


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според извештајот од Министерството за одбрана на Алжир, 257 лица загинале од кои повеќето војници и членови на нивните семејства, при уривањето на воен авион во земјата, пренесува Радио Слободна Европа.

Несреќата се случила при полетувањето на авионот во близина на аеродромот Боуфарик, а меѓу жртвите се и 10 членови на екипажот, како и 26 припадници на Фронтот Полисарио кој се бори за независност на Западна Сахара од Мароко. Се уште не се знае причината за несреќата.