Home Вебкафе Ограбуваа банкомат со минирање, но претераа со експлозивот (видео)

Ограбуваа банкомат со минирање, но претераа со експлозивот (видео)

Пред два дена, нешто по полноќ, жителите на хрватски Карловац ги вознемири силна детонација. Експлозијата доаѓаше од автоматот за пари од Карловачката банка, а беше последица на обидот двајца разбојници да го ограбат истиот со помош на минирање.

На снимката што ја објави Индекс.хр се гледа дека покрај банкоматот стои сив караван од кој излегува еден маж со капа на главата. По некое време од возилото изледува и друг маж со качулка наглавата.

Го полнат банкоматото со гас, па набрзо од силната експлозија се затресла целата зграда, а банкоматот бил уништен. Интересно е дека крадците го дозирале експлозивот, така што не попукале прозорците во зградата, а останал недопрен и банкоматот на друга банка сместен од другата страна на влезот.

Делови од разнесениот банкомат имало на сите страни и на десетина метри по паркингот. Крадците влегле низ разнесената врата и за неколку мига избегале во непознат правец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…