Home Спорт Реал одбил НЕВЕРОЈАТНА понуда за Бејл – Барса се смее

Реал одбил НЕВЕРОЈАТНА понуда за Бејл – Барса се смее

„Мундо Депортиво“ повикувајќ се на извори од Франција тврди дека Реал Мадрид одбил неверојатна понуда од Ливерпул за Герет Бејл.

Имено, во 2017 година Ливерпил се обидел да го купи Герет Бејл и истпратил „шокантна“ понуда до Реал Мадрид.

„Црвените“ од „Енфилд“ подготвиле 70 милиони евра плус Филипе Кутињо, во замена за услугите на Велшанецот.

Меѓутоа, во тој момент претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез бил толку опседнат од идејата да го купи напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе, што веднаш ја отфрлил понудата од Ливерпул.

Перез бил подготвен тогаш да го даде Бејл, но токму во замена за Мбапе, а не за Кутињо.

На крајот, Бразилецот беше продаден во Барселона за 160 милиони евра и одлично се вклупи во тимот на Каталонците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…