Home Шоубизнис Еве што мисли Сара Џесика Паркер за кандидатура за гувернерка на колешката од „Сексот и градот“

Еве што мисли Сара Џесика Паркер за кандидатура за гувернерка на колешката од „Сексот и градот“

Актерката од мегапопуларната серија „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, чие мислење се чекаше веќе некое време, најпосле се огласи на социјалните мрежи во врска со кандидатурата за гувернерка на Њујорк на нејзината пријателка и колешка од споменатата серија, Синтија Никсон.

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker) on

„Мајка, активистка, адвокатка, борец, њујорчанка и драга пријателка се наптреварува за гувернер на нашата држава. Мојата сестра од екраните и надвор од нив – ја има мојата љубов, поддршка и глас“, напиша Сара на својот Инстаграм профил како опис на фотографијата од Синтија која ја сподели.

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon) on

Паркер е поблиска со Никсон отколку со останатите колешки од „Сексот и градот“, па нејзината реакција со причина беше очекувана.

Поддршка на Синтија даде и Кристен Дејвис, во серијата позната како Шарлот, но и Ким Катрал.

„Поддржувам и не го осудувам правото на секој свој колега да донесува сопствени одлуки за кариерата“, воздржано напиша Катрал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …