Еве како вашиот партнер, пријател или шеф може да ве шпионира преку WhatsApp


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Апликациите за комуникација често го олеснуваат секојдневниот живот, но исто така ги олеснуваат и начините на кои луѓето можат да дознаат нешто повеќе за вас, а кое не сакате да го знаете.

Новата апликација за iPhone им овозможува на останатите луѓе да го користат вашиот статус на WhatsApp за да можат да ве шпионираат, пренесува Metro.

Апликацијата ChatWatch овозможува да го видите онлајн статусот на своите „пријатели, семејството и вработените“ без оглед на тоа дали ја имаат вклучено функцијата која ви овозможува да видите кога последен пат биле онлајн.

На страницата од Apple наведено е дека оваа апликација ќе ви овозможи да дознаете кога некој отишол на спиење, колку долго спиел, а може дури и да се споредат два броја и да се открие колкава е веројатноста дека се допишувале во текот на денот.

Апликацијата е бесплатна за симнување, но за користење на истата се плаќаат од 2 до 5 долари, во зависност од тоа колкуѕ броеви сакате да ги имате под надзор.