Home Спорт Италија на нозе: Перу ќе го исфрлат од Мундијалот?

Италија на нозе: Перу ќе го исфрлат од Мундијалот?

Репрезентацијата на Перу беше последниот патник на Мундијалот во Русија, откако во баражот го елиминираше Нов Зеланд.

Перу успеа после повеќе од 30 години да се пласира на Светско првенство за голека радост на сите во државата. Меѓутоа, еуфоријата денес спласна откако медиумите објавија дека ФИФА го истражува Фудбалскиот сојуз на Перу и дека оваа репрезентација може да биде исфрлена од Мундијалот.

Имено, перуански „Либеро“ објави денес дека ФИФА го истражува ФС на Перу поради сомнеж дека се прекршени правилата, односно дека политиката се мешала во работата на организацијата. Претседателот на комисијата за млади и спорт, Палома Ноцеда сака државата да усвои закон со кои ќе им овозможи да имаат да го контролираат спортот во државата.

ФИФА покрена истрага по тој повод и доколку се испостави дека политиката се меша во Фудбалскиот сојуз оваа репрезентација може да биде исфрлена од СП.

Наводно, тоа може да биде шанса за Италија, но во тој случај многу фактори ќе одлучуваат која екипа ќе го заземе местото на Перу во Русија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…