Home Шоубизнис Шок за Шарапова – во Индија ја чека затворска казна?

Шок за Шарапова – во Индија ја чека затворска казна?

На славната тенисерка Марија Шарапова и се заканува казна затвор и тоа во Индија.

Тениската суперѕвезда е на ударот поради измама околу луксузни стамбени објекти во Индија. До обвинувањата дошло откако нејзиното име било поврзувано со луксузниот проект кој требаше да биде завршен во 2016 година, но никогаш не ни започна.

Клиентката која требало да ја купи луксузната куќа се жалела на судот дека е измамена од фирмата „Ballet by Sharapova“. Доколку се докаже дека Шарапова е виновна би можела да добие затворска казна и до седум години.

Судењето на која би требало да се појават Шарапова и оштетената клиентка е закажано за 23 ноември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…